Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Велика Британија се стреми кон намалување на легалната миграција

 Британскиот министер за внатрешни работи Џејмс Клеверли денеска изјави дека британската влада е „целосно посветена на намалување на легалната миграција“, откако нето-миграцијата, или разликата меѓу бројот на имигранти и емигранти, достигна 672.000 луѓе од јуни 2022 година до крајот на јуни 2023 година.

„Мораме да го намалиме нашиот вкупен број со елиминирање на злоупотребата и експлоатацијата на нашиот визен систем од страна на бизнисите и поединците“, рече Клеверли.

„Владата работи на понатамошни мерки за спречување на експлоатација и манипулација со нашиот визен систем, вклучително и против оние кои ја користат флексибилноста на имиграцискиот систем.

Рекордна нето миграција во Обединетото Кралство во 2022 година е повисока од очекуваната и изнесува 745.000 луѓе, според ревидираните бројки на Британската канцеларија за национална статистика објавени денеска. Во периодот од јуни 2022 до јуни 2023 година, нето миграцијата е 672.000 луѓе. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира