Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ВИДЕО Заев: Откажување нема – гласаме сите за европска иднина, гласаме за бројот еден

Ако се грижите за сопствената македонска земја, ако си го сакате својот народ, ако верувате во европскиот пат на Македонија, ако не сте подготвени да се предадете и откажете од иднината, СДСМ и коалицијата за европска иднина се единствениот избор, бројот 1 е секогаш пред сите, како  што е ЕДЕН и единствен нашиот завет за татковината, порача во видео обраќање екс-премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев.

Поранешниот премиер потсети на реализираното во последните седум години и побара поддршка за актуелниот претседател на СДСМ Димитар Ковачевски и претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

„Пред седум години донесовме слобода. Ја спасивме заробената Македонија од канџите на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ. Успеавме да ги обновиме и нормализираме односите со сите наши соседи. Станавме членка на НАТО со што долгогодишниот македонски сон стана јаве.  По цели 11 години повторно ја вративме Северна Македонија на европскиот пат.  Меѓуетничките односи ги направивме да бидат пример во регионот и пошироко. Со политиките на пријателство ја добивме и афтокефалноста на МПЦ. По сите основи, од целиот свет , го добивме признавањето на македонскиот јазик и македонскиот народ. Мојот СДСМ, носителите и кандидатите на листите за пратеници, а секако и Претседателот Пендаровски ја заслужуваат сета моја, но и сета Ваша поддршка“, порача Заев во видео обраќањето.

Зачлени се на нашиот е-билтен