Владата земала заем од 7 милиони евра од Македонска навигација (М-НАВ), објави порталот СДК.мк
Тројцата директори Владимир Ристески (претседател нa УО на М-НАВ), Милан Кораќ и Фатмир Зимбери, минатиот петок на 17-ти ја потпишале одлуката за одобрување на краткорочна позајмица. Таа треба да се врати до 30.11.2026 година.
Ден откако ја донела Владата одлуката, Јавното претпријатие за државни патишта испратило до М-НАВ за одобрување краткорочна позајмица, зашто пари му требалe всушност на ЈПДП.
Средствата се позајмуваат без камата.
Македонската навигација има средства кои се строго наменски и мора да се трошат само за потребите на претпријатието, па оттука непозната е праксата тоа претпријатие да позајмува пари на други субјекти.
Додека во јавноста се уште нема други детали, се очекува да се види каква ќе биде реакцијата на Еуроконтрол.
