Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

„Внимание, внимание“: Македонскиот јазик нема да исчезне, а дали ќе биде службен јазик и на ЕУ?

Откако собранието го усвои Законот за употреба на македонскиот јазик, екипата на „Внимание, внимание“ ги прашува граѓаните какви промени очекуваат.

На првото прашање од анкетата, што би направиле во првите 100 дена од вашиот мандат ако сте министер за заштита на македонскиот јазик, граѓаните даваат оригинални предлози и одговори. „Јазикот е жива материја, треба да се инвестира, за да расте“, поентира еден граѓанин.

Во најновата анкета граѓаните ги коментираат и вестите дека македонскиот јазик, се учи во Грција, се употребува и во „Лидл“, почнува да се изучува и на факултет во Тирана, наши автори се преведуваат на бугарски јазик. И тоа е признавање, поентира еден граѓанин, „дека постоиме како народ и имаме свој македонски јазик“. По почетокот на преговорите, ЕУ регулативите веќе се преведуваат на македонски јазик.

Граѓаните одговараат и на прашањето „Дали македонскиот јазик ќе стане службен јазик во ЕУ или пак ќе исчезне, како што тврдат некои?“ Мнозинството граѓани се убедени дека македонскиот јазик нема да исчезне: „Не, ни случајно. Постои нашиот народ, постои нашиот јазик“, вели една граѓанка.

Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.

Редакција Трн

Треба да знаете
Moже да ве интересира