На 24.07.2026 во 17:15 часот во Прилеп, полициски службеници го лишија од слобода Д.Т.(50) од Прилеп, вработен во АВРСМ, поради сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп”, информираат од МВР.
Според пријавеното, тој на 47-годишно лице од Прилеп, невработено и примател на социјална помош, од април до јули во неколку наврати побарал и примил поткуп за да не му ја укинат социјалната помош затоа што од здравствени разлози одбил работно место во фабрика во Битола.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени птредмети од кривичното дело.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од МВР.
