Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Турција приведени 58 луѓе под сомнение дека подготвувале провокации по повод 1 мај

Вкупно 58 лица се приведени во различни делови на Турција, откако е утврдено дека се вмешани во подготовка на провокации по повод Денот на трудот – 1 мај, објави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на Икс.

Тие се уапсени за време на полициската акција „Боздоган-33“, спроведена во вкупно 11 турски окрузи – Истанбул, Дијарбекир, Адана, Анталија, Билеџик, Мардин, Батман, Мугла, Муш, Шанлиурфа и Ван.

Во акциите во Анталија и во Измир, уапсени се четворица осомничени, за кои е утврдено дека преку нивните профили на социјалните мрежи вршеле пропаганда во корист на левичарски терористички организации.

Нема да дозволиме да се толерира ниту еден терорист. Со континуираните напори на нашите безбедносни сили ќе продолжиме со нашата решителна борба сè додека не се неутрализира и последниот терорист во име на мирот, единството и солидарноста на нашиот народ, истакна Јерликаја.

Министерот за внатрешни работи вчера соопшти дека властите забрануваат организирање демонстрации по повод 1 мај на централниот плоштад Таксим во Истанбул.

Треба да знаете
Moже да ве интересира