Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

(ВО ЖИВО) „Украина – две години хероизам“ – голема мултимедијална конференција во Скопје

Амбасадата на Украина, во соработка со македонската граѓанска организација ЦИВИЛ – Центар за слобода, организира голема конференција под наслов „Украина – две години хероизам“ во Музејот на македонската борба за независност.

Македонскиот претседател Стево Пендаровски и Амбасадорката на Украина Лариса Дир се првите говорници на конференцијата, а по нив следат обраќањата на премиерот Талат Џафери, вицепремиерите Бојан Маричиќ, Славица Грковска, министрите Бујар Османи и Славјанка Петровска и други високи претставници на државните институции.

Во втората сесија на оваа конференција ќе говорат дипломатските претставници на ЕУ, САД, Велика Британија, Шведска, Албанија, Чешка, Франција, Јапонија, Германија, Полска и Литванија.

Во музејот ќе бидат поставени и две изложби. „Проект Украина: Доживување на војната“, електронска изложба со виртуелна реалност и „Поштенска картичка од Украина“, изложба на фотографии.

Програмата предвидува и промоција на книгата „Украина – години на хероизмот“ од Џабир Дерала.

Настанот ќе биде пренесуван во живо на медиумската платформа на ЦИВИЛ, на Фејбук профилот и Јутуб видео каналот на организацијата.

Стево Пендаровски: Целосна поддршка за Украина слободно да го избере патот по кој ќе чекори во иднина

– За жал, денес, бруталната агресија врз оваа наша пријателска држава од страна на режимот на Путин навлегува во третата година, а загубите во човечки животи, страдањата на милиони луѓе низ целата земја, девастирачките последици и разрушувањата не се намалуваат, истакна претседателот Пендаровски.

„За овие две години сме сведоци на сета нечовечност на еден режим отсечен од реалноста, кој како да е излезен од најтемните времиња на европската историја од минатиот век, во целосен расчекор со реалноста на 21 век. Таа персонална диктатура се обидува, не само да наметне ревизија на историјата, туку и да ги промени границите во Европа, во спротивност на сите меѓународно-правни договори кои ги гарантираат мирот, стабилноста и безбедноста на континентот по крајот на Втората светска војна“, нагласи Пендаровски.

Треба да знаете
Moже да ве интересира