Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Wolt наскоро доаѓа во Македонија

Wolt, иновативната технолошка компанија и платформа за локална испорака на храна и малопродажба, слави 10 години постоење и го најавува своето претстојно лансирање во Северна Македонија.

Со оваа експанзија, Северна Македонија се приклучува на растечката мрежа на Wolt, која покрива 28 земји и вработува над 12 000 луѓе.

Патувањето на Wolt започнува во 2014 година како мала стартап компанија со шест
коосновачи, а денес е водечка платформа која поддржува економска активност од 19
милијарди евра на пазарите каде е присутна и дава значителен придонес во економиите
на регионите во кои работи. Во изминатата деценија, Wolt соработуваше со повеќе од
150 000 трговци, обработувајќи 700 милиони нарачки. За подетален преглед на
патувањето на Wolt, прочитајте во „Испорачана деценија“ на линкот.

Интересно е тоа што најпопуларниот производ во сите 28 земји е хамбургерот, со вкупно
130 милиони нарачки. Достигнувањата на Wolt вклучуваат рекорди како достава што
патувала 4 000 километри низ седум земји, од Грузија до Германија, како и најголемата
поединечна нарачка од 8.559 евра за електронска опрема.

Надвор од својот основен модел за испорака, Wolt ги диверзифицираше своите услуги
за да вклучи други важни производи, како лекови и електроника.

Што ги привлекува луѓето кон Wolt? Партнерите за испорака се привлечени од
флексибилноста и дополнителните можности за заработка, со преку 450 000 поединци
кои соработувале со Wolt, колективно заработувајќи 3 милијарди евра.

Клиентите ја ценат брзата и достапна услуга на платформата за достава. Во текот на изминатата
деценија, Wolt стана синоним за сигурна достава и се етаблира како клучен сојузник за
локалните бизниси. За да го поддржи ова, Wolt постојано развива технолошки алатки,
кои се движат од локална логистика до малопродажни софтвери и финансиски
решенија, а работи и со свои продавници за прехранбени производи под брендот Wolt
Market.

Зачлени се на нашиот е-билтен