За пет месеци, 120.000 прекршоци регистирани преку „Безбеден град“

безбеден град

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска откри дека системот „Безбеден град“ регистрирал 120.000 сообраќајни прекршоци во првите пет месеци од воспоставувањето.

„Од 1 февруари, кога стартуваше примената на ‘Безбеден град‘, регистрирано е намалување на сообраќајните несреќи за околу 40 проценти, односно загинале 34 лица, наспроти 55 за истиот период лани. До 22 јуни 2026, преку камерите се регистрирани 120.000 прекршоци, од кои 95 проценти се за пречекорување на дозволената брзина“, рече Тошковски.

Камери на „Безбеден град“ има во Скопје, Куманово и Тетово, како и на коридорите 8 и 10.

Тошковски најави дека до крајот на годинава проектот ќе биде целосно имплементиран низ целата држава, опфаќајќи ги поголемите градови и патни правци.

Најчитано