Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Зеленски за средбата со Пендаровски: Важно е учеството на Северна Македонија во спроведувањето на Формулата за мир

Претседателот на Украина Володимир Зеленски, на социјалната мрежа „Х“ (претходно Твитер), објави текст за средбата со претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски.

„Ја изразив мојата благодарност за целата политичка поддршка и јасниот став за иднината на Украина во НАТО. Го информирав претседателот Пендаровски за моменталната ситуација на бојното поле и за одбранбените потреби на Украина“, соопштува Зеленски.

Украинскиот претседател на средбата ја истакнал „важноста од учеството на Северна Македонија во спроведувањето на Формулата за мир и подготовката за првиот Глобален самит за мир во Швајцарија“.

„Посебно внимание посветивме на можноста за формирање центар за рехабилитација за ранетите украински војници и украинските деца со помош на балканските држави“, нагласува Претседателот на Украина Володимир Зеленски во својата објава на социјалната мрежа за средбата со Пендаровски.

Треба да знаете
Moже да ве интересира