Земјотрес ја стресе источна Македонија: Најсилно почувствуван во Берово и Пехчево

земјотрес
James St. John, CC BY 2.0 , via Wikimedia Commons

Земјотрес со локална магнитуда од 2,7 степени според Рихтеровата скала денес во 14:29 часот беше почувствуван во југоисточниот дел на Македонија, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот на земјотресот бил во епицентралното подрачје Делчево–Берово, на околу 122 километри југоисточно од Скопје.

Потресот најмногу го почувствувале жителите на Пехчево, Берово и околните населени места. Според досегашните податоци, неговиот интензитет изнесувал три степени според Европската макросеизмичка скала.

Од Сеизмолошката опсерваторија ги повикаа граѓаните што го почувствувале земјотресот да го пополнат прашалникот за почувствуваност, кој се користи за потребите на сеизмолошките истражувања.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?