Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Жените читаат повеќе од мажите

Младите на возраст од 16 до 29 години читаат најмногу книги во Европа, објави Еуростат. Речиси 60,1% од младите на оваа возраст прочитале најмалку една книга во изминатата година.

Слично на тоа, 60,5% од жените прочитале барем една книга, во споредба со 44,5% од мажите.
Навиките за читање исто така варираат во голема мера низ Европа, при што Швајцарија, Луксембург и Данска се појавуваат како најстраствени нации за читање.

Во однос на навиките за читање, нив најмногу ги имаат Полјаците, Шпанците и Литванците.

Најмалку книги изминатава година според „Еуростат“ имаат прочитано Словенците и Белгијците, а најмалку навика за читање имаат жителите на Италија, Кипар и Романија.

Редакција Трн

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново