Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Обвинителство во Нови Сад: Сослушавме 71 лице во врска со уривањето на настрешницата

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека досега сослушало вкупно 66 лица, а денеска се сослушани уште пет лица во врска со уривањето на натстрешницата на Железничката станица, во која загинаа 14 лица, пишува „Телеграф“.

Во рамки на предистражната постапка, велат од Обивнителството, во тек е градежно вештачење на околностите за причината за падот на натстрешницата, како и анализа на исклучените примероци од градежните остатоци од урнатата натстрешница.

Оттаму додаваат дека по завршување на вештачењето и утврдување на причината за падот на натстрешницата, јавното обвинителство ќе може да утврди одговорност за пропустите кои довеле до уривање.

Велат дека овој случај има апсолутен приоритет во постапувањето на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад и дека во соработка со Полициската управа во Нови Сад прибрале документација од сите надлежни институции и поединци, чија детална анализа е во тек.

Протести поради трагедијата во Нови Сад се одржаа и денеска. Новосадската опозиција ги повика граѓаните на 15 ноември да прекинат со работа на четиринаесет минути и да го изразат своето незадоволство преку индивидуален протест и граѓанска непослушност бидејќи обвинителството сè уште нема осомничени за падот на натстрешницата. Активистите од групите СвиЧе и СТАВ најавија протест и демонстрации во Нови Сад и в недела на 17 ноември напладне, каде ќе побараат одговорност за уривањето на натстрешницата на железничката станица.

Зачлени се на нашиот е-билтен