Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Милатовиќ по информациите за можен атентант: Продолжувам да си ја работам работата

Фото: Pool PEUE/Javier Etxezarreta/Flickr

Откако Агенцијата за национална безбедност на Црна Гора потврди дека ја проверува точноста на информациите за можен атентат на претседателот, Јаков Милатовиќ вели дека ќе продолжи да си ја врши работата и дека очекува надлежните органи да си ја завршат својата работа.

Милатовиќ рече дека не е пријатно да се добијат такви информации.

„Ќе продолжам да ја работам својата работа. Целосно сум непоколеблив кога станува збор за мојот дел од работата, кој се однесува на граѓаните на Црна Гора, земја без корупција, без криминал, земја членка на Европската унија. Мојата политика во оваа смисла многу е јасна“, изјави Милатовиќ за порталот РТЦГ.

Инаку, Милатовиќ е во Баку на COP 29.

Од Агенцијата за национална безбедност претходно соопштија дека според досегашните информации сметаат дека станува збор за дезинформации.

Агенцијата спроведе низа активности за проверка и на податоците за атентат и за веродостојноста на изворите.

Зачлени се на нашиот е-билтен