Бугарија и Романија за неколку месеци, или поточно во 2025 година, напролет ќе станат полноправни членки на Шенген зоната.
Веста ја објави австриското издание „Курир“. Според нив, очигледно „работите во Брисел и Виена се финализирани: Австрија се откажува од правото на вето и им го отвора патот на двете земји.
За некои, одбивањето да се прошири Шенген зоната беше неопходна мерка за заштита на Австрија, за други – политички маневар за да се добијат поени пред националните избори.
Во секој случај, шенгенското блокирање на Романија и Бугарија не и донесе пријатели на Австрија на меѓународен план. Дури и високите европски демохристијани, односно партиските пријатели на Австриската народна партија (ÖVP), отворено го изразија своето незадоволство од ставот на Австрија по ова прашање, пишува „Курир“.
Во рамки на средбата што ќе се одржи во Будимпешта на 22 ноември, на која Унгарија е поканета како претседател на ЕУ, австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер ќе се сретне со своите колеги од Софија и Букурешт. Во рамките на оваа средба ќе биде донесен пакет мерки кои двете земји ќе треба да ги исполнат за конечно да станат членки на Шенген. Ова се очекува да се случи во пролетта 2025. Барем вака мислат високи претставници на романската влада.