Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во петок граѓанска непослушност, во недела протести за трагедијата во Нови Сад

Новосадската опозицијата во петок (утре), најавува граѓанска непослушност, а во недела и протести, по повод падот на настрешницата на железничката станица, во која животот го загубија четиринаесет лица. Опозицијата повикува утре, кога се навршуваат четиринаесет дена од падот на настрешницата, граѓаните на Нови Сад, но и од другите градови на Србија, од 11:52 до 12:06 часот да покажат емпатија и солидарност со семејствата кои ги загубија своите најблиски.

„Доколку сте во кола застанете во 11:52, запалете ја светлосната сигнализација и излезете од колата, ако сте на работа излезете од зградата каде што работите на улица во тоа време, ако сте на факултет, напуштете ги часовите и вратете се подоцна, учениците тие 14 минути да ги поминат во училишниот двор, лекарите во тоа време нека прогласат пауза, приватните претприемачи исто. Секој во тоа време треба само да застане, бидејќи животот на тие 14 луѓе застана во секунда“, се наведува во повикот на опозицијата.

Како што наведува новосадската опозиција протестите ги организира, бидејќи Обвинителството се уште нема осомничени за падот на настрешницата на железничка станица во Нови Сад.

 

Зачлени се на нашиот е-билтен