Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Оставка си поднесе и министерот за трговија, Вучевиќ: За Вучиќ и за Србија, секогаш сум тука

„Ве известувам дека поднесувам оставка на местото министер за внатрешна и надворешна трговија. Благодарен сум му на претседателот на Република Србија Александар Вучиќ на довербата и честа. За него и за Србија, секогаш сум тука“, наведе Момировиќ во пишаната оставка која му ја поднел на премиерот на Србија Милош Вучевиќ, пренесува Танјуг.

Момировиќ во владата на Ана Брнабиќ од 2020 до 2022 ја вршеше функцијата министер за градежништво, сообраќај и инфраструктура, по што во два мандати беше избран за министер за внатрешна и надворешна трговија.

Пред Момировиќ, оставка на 5 ноември поднесе Горан Весиќ на функцијата министер за градежништво, сообраќај и инфраструктура во владата на Србија, среде притисокот на јавноста по уривањето на натстрешницата на железничката станица во Нови Сад кога загинаа 14 лица, а едно подоцна им подлегна на повредите. Уште две лица се во болница во тешка состојба.

Претседателот на Србија  Александар Вучиќ изјави синоќа дека „уште во текот на утрешниот ден“ очекува нови оставки во врска со несреќата во Нови Сад.

Зачлени се на нашиот е-билтен