Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Русија ги информирале САД дека ќе лансираат балистичка ракета

Русија ги предупредила САД за балистичкиот ракетен напад врз Украина непосредно истиот да биде изведен, изјави претставник на американската администрација.

„САД беа претходно известени накратко пред лансирањето“, рече официјалниот претставник.

САД, исто така, ја информираа Украина и другите сојузници во деновите пред нападот за можната употреба на Русија на експериментална балистичка ракета со среден дострел „за да им помогне да се подготват“, рече претставникот.

Русија и САД вообичаено меѓусебно се информираат дали планираат да лансираат балистички ракети, но не беше јасно дали Москва го сторила тоа или не овој пат.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, подоцна изјави дека „нема известувања, бидејќи Русија нема таква обврска со ракети со среден дострел“, објави руската новинска агенција ТАСС.

Во четвртокот, Русија го погоди украинскиот град Днипро; додека украинските власти првично ја обвинија Русија за употреба на интерконтинентална балистичка ракета, западните власти го оспорија тоа, велејќи дека станува збор за проектил со среден дострел.

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека станува збор за нова балистичка ракета со среден дострел наречена „Орешник“, додавајќи дека нападот бил одговор на употребата на оружје на Киев од САД и Велика Британија за да се нападне руска територија.

„Внимателно ја анализираме ракетата и импликациите за обврските на Русија за контрола на вооружувањето и за одвраќањето на НАТО“, рече американскиот функционер, додавајќи дека Русија веројатно поседува само „мал број“ од ваков вид ракети.

САД и Русија обично се известуваат меѓусебно кога некоја од страните планира да истрела интерконтинентални балистички ракети или балистички ракети со среден дострел, комуникација со цел да се избегне каква било можност за недоразбирања што може да доведат до случаен конфликт или ескалација меѓу двете суперсили.

Додека Русија се повлече или суспендираше многу од нејзините постојни договори за контрола на вооружувањето со САД, руските власти минатата година рекоа дека ќе продолжат да го известуваат Вашингтон за лансирањето балистички ракети.

И покрај тоа, нуклеарните експерти не беа сигурни дали Русија избрала да го извести Вашингтон за нападот на Днипро во Украина.

Зачлени се на нашиот е-билтен