„Сметам дека кредити што ќе биадт обезбедени за бизнис секторот се позитивни во насока на поттикнување на инвестицискиот циклус“, вели Благица Петрески од Фајнанс Тинк во интерју за Радио Слободна Европа.
„Ние и во минатото сме имале поддршка на бизнис секторот коишто доаѓал преку финансиска поддршка. Во моментот дискусијата е на техничко ниво за условите коишто ќе ги има кредитот, но многу аспекти кои значат какви ефекти и импакт ќе има овој кредит, остануваат недискутирани во јавноста: Прво, каква ќе биде намената, знаеме ние дека тоа ќе биде за производствени капацитети, но намената што значи? Дали е намена за автомобили, за технологија или за роботизација? Понатаму, кои ќе бидат тие компании коишто ќе бидат таргет, дали се тоа компании кои во моментот имаат достапност на кредити и финансии, или тоа се нови компании (мали и средни претпријатија) кои генерално имаат ограничување и сето тоа зависи дали ние ќе поттикнеме нов инвестициски циклус или ќе бидат инвестиции кои и во моментов би се случиле“.
„Генерално во моментот во дискусијата недостасува дообјаснување каква ќе биде намената, кој ќе биде таргет на компании, може да дискутираме и за тоа дали ќе имаме таргетирани одредени региони, со цел да поттикнеме нивен развој, дали тоа значи нова инвестиција во технологија или нова инвестиција во нова градежна активност, така што сето тоа се аспекти кои во голема мера може да влијае каков ќе биде ефектот од земените кредити и во која дадените кредити ќе дадат понатаму импулс врз вкупната економија, и врз извозот и врз инвестицискиот циклу, смета Благица Петрески во интервју за Радио Слободна Европа.