Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Усвојувањето на буџетот без српската опозиција и под силно обезбедување

Српската опозиција денеска објави дека нема да учествува во работата на седницата на Парламентот каде треба да се гласа за предлог буџетот за 2025 година. Во салата се распоредени повеќе од 20 припадници на обезбедувањето, јавија белградски медиуми. Дел од пратениците објавија дека на зградата на Парламентот има и снајперисти. 

Пратеникот во српскиот Парламент Стефан Јањиќ (Србија Центар) покажа кривична пријава поднесена против претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ, поради основано сомнение дека ја злоупотребила службената положба и несовесното работење во службата.

Пратеничката Мариника Тепиќ (ССП) денеска нагласи дека Брнабиќ претходната седница ја направила апсолутно незаконска. 

„Тие ги покажаа своите вистински бои со дивеење во Собранието, предизвикување тепачка, провокација на пратеници од опозицијата, дека бевме принудени да реагираме во самоодбрана како никогаш досега“,

Зачлени се на нашиот е-билтен