Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бугарското собрание не избра претседател во првиот круг гласање

Собрание на Бугарија (фото: МИА)

Народните избраници и денеска не избраа претседавач. Со истите номинации на ГЕРБ-СДС, „Вазраждане“, ИТН и БСП, брзо завршија дебатите за кандидатурите на Раја Назарјан, Петар Петров, Силви Кирилов и Наталија Киселова за претседател на 51. Народно собрание, јави известувачот на БГНЕС.

Гласањето повторно беше спроведено по азбучен ред.

Кандидатурата на Наталија Киселова беше одбиена. За него гласаа 50 пратеници, против беа 113, а воздржани 75.

Кандидатурата на Петар Петров беше одбиена. За него гласаа 46 пратеници, против беа 118, воздржани 64.

Одбиена е и кандидатурата на Раја Назарјан. За него гласаа 68 пратеници, против – 164, 5 воздржани.

А кандидатурата на Силви Кирилов не собра мнозинство. За него гласаа 66 пратеници, против 115, воздржани 57 пратеници.

По завршувањето на првиот круг на гласање и пред вториот круг меѓу Раја Назарјан и Силви Кирилов, претседавачот им даде пауза од 60 минути на народните избраници.

Зачлени се на нашиот е-билтен