Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Косово ќе произведува муниција и дронови

Премиерот Албин Курти денеска (среда) објави дека ја потпишал одлуката за преземање на првите чекори кон формирање на воена индустрија, што подразбира создавање на првата фабрика на Косово за производство на муниција и лабораторија за развој на беспилотни летала.

Курти иницираше формирање меѓуресорска комисија за оценување и започнување на процедурите и преговорите за отворање на фабрика за производство на муниција и лабораторија за развој на беспилотни летала.

Министерот за одбрана Маќедонци рече дека „Со оглед на предизвиците со кои се соочува светот и особено нашиот регион, денес повеќе од кога било има потреба од надополнување на залихите за производство на муниција и оружје“.

„Влегуваме во нова ера за одбрана и безбедност, создавајќи стабилност и во однос на производството и снабдувањето со системи за оружје. Поради оваа причина, континуирано развиваме комуникација со нашите партнери. Добивме и физибилити извештај од Турција и ние наскоро ќе го заврши овој проект“.

Зачлени се на нашиот е-билтен