Полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода 17-годишниот малолетник од Куманово, по добиена пријава за вандализмот што се случил на 29 ноември. Околу 09:05 часот, малолетникот откорнал табла од канцеларијата на Конзулатот на Република Србија во Куманово, соопшти МВР.
Тој беше приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, СВР Куманово ќе поднесе кривична пријава за вандализм според член 319 од Кривичниот законик до кумановското обвинителство.
Амбасадата на Република Србија остро го осуди овој инцидент, кој, според нив, претставува вандалски чин. Младото лице, обвиено со албанско знаме, насилно ја отстранило таблата со грбот на Република Србија и натписот „Конзулат на Република Србија во Куманово – Почесен конзул“, напишан на српски и македонски јазик.