Рускиот претседател Владимир Путин го одобри буџетот за 2025-2027 година кој ќе биде фокусиран на војната, покажа документот објавен на официјалната веб-страница за правни акти во неделата.
Државниот буџет за следната година вклучува зголемување на воените трошоци за 25%, но ќе биде најтаинствениот во постсоветската историја, со речиси една третина од сите трошоци затворени за јавен надзор.
Владата призна дека потребите на, како што ја нарекува Москва, нејзината специјална воена операција во Украина и поддршката за војската, ќе останат буџетски приоритет заедно со социјалните потреби и технолошкиот развој.
Владата го претстави предлог-буџетот како „урамнотежен“, при што дефицитот падна на 0,5 отсто наспроти годинешниот проектираниот дефицит од 1,7 отсто, а државниот долг останува под границата од 20 отсто за следните три години.