Студентската листа го кандидираше професорот Радомир Саичиќ за претседател на Србија

Саичиќ

Предлагач на кандидатурата е групата граѓани „Студенти повторно победуваат“, формирана од пратеници на Студентската листа во Народното собрание на Србија. На денешното претставување пред медиумите, претставниците на студентите посочија дека не барале кандидат само според биографијата и стручната област, туку според неговиот однос кон слободите, институциите и општеството.

„Сакавме некој кој од самиот почеток беше рамо до рамо со нас. Се надеваме дека граѓанките и граѓаните во нашиот кандидат ќе ја препознаат подготвеноста да се држи до принципите и вредностите и дека беше дел од секоја наша досегашна работа“, порачаа претставниците на студентското движење.

Тие додадоа дека процесот на одлучување не бил ниту брз ниту лесен, бидејќи демократијата бара време и дијалог. Во официјалното обраќање до јавноста студентите наведоа дека излегуваат со едно име, но дека патот до овој чекор го поминале заедно со сите луѓе кои верувале дека земјата заслужува промени, нагласувајќи дека судбината на државата не смее да му припаѓа на еден човек.

Радомир Саичиќ е роден во 1961 година во Белград и е редовен професор на катедрата за органска хемија при Универзитетот во Белград, а од 2018 година е редовен член на САНУ. На парламентарните избори одржани на 25 октомври 2026 година, тој настапи како непартиска личност на Студентската листа и од 17 ноември е народен пратеник во српскиот парламент.

Претседателските избори во Србија за 27 декември ги распиша претседателот на Народното собрание и вршител на должноста претседател на Србија, Александар Чупиќ. Според Законот за избор на претседател на Републиката, предлогот за кандидат се поднесува до Републичката изборна комисија најдоцна 20 дена пред денот на гласањето, придружен со најмалку 10.000 заверени изјави од избирачи.

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?