Работниците во приватниот и јавниот сектор оваа година имаат право на регрес за годишен одмор. За вработените во приватниот сектор, минималната сума изнесува 16.800 денари, што претставува 40% од просечната плата исплатена во последните три месеци. Во државниот сектор, оваа сума е пониска и изнесува 11.000 денари.
Исплатата на К-15 може да започне од мај, но мора да се заврши до крајот на календарската година. Услов за исплата е работникот да има најмалку шест месеци непрекината работа кај ист работодавец. Доколку работникот ја сменил работата, но претходно има континуитет од шест месеци кај ист претходен работодавец, тој исто така има право на К-15.
За работодавците кои нема да го исплатат регресот, Законот предвидува парични казни: од 2.000 до 3.000 евра за компанијата и дополнително од 500 до 1.000 евра за одговорното лице во фирмата.