Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Досието на директорот на АНБ Бојан Христовски постојано се дополнува со претставки

Антикорупциската комисија која подолго време работи на досијето на новиот директор на АНБ примила уште една претставка за Бојан Христовски покрај веќе примените три.

Со претставките до ДКСК се оспоруваат условите за именување на директор на АНБ, а сомнежи се однесуваат на работниот стаж, образованието, искуството и јазичниот сертификат од Бугарија, кои што се посочени во биографија на Христовски.

Минатата недела на пратенички прашања пратеникот Димитар Апасиев од Левица изнесе голем број наводи за наводни суштествени повреди во дипломата на Христовски, но тие не се официјално потврдени од институциите на системот надлежни за контрола на високото образование.

Тогаш и Апасиев повика Министерството за образование да го упати просветниот инспекторат во Универзитетот за туризам и менаџмент каде Христовски дипломирал.

Зачлени се на нашиот е-билтен