Ќустендил бара што поскоро да започне изградбата на автопатот од Дупница до Северна Македонија

Локалните власти во Ќустендилскиот регион барааат што поскоро да започне изградбата магистралниот пат од Дупница до граничната точка „Гуешево“ со Северна Македонија, објави БНТ.

Општинските советници во округот излегоа со декларација во која инсистираат властите во Бугарија да посветат сериозно внимание на напредокот на Коридорот бр. 8, кој покрај железничка траса вклучува автопат. Декларацијата ќе биде испратена до претседателот, Националното собрание, Советот на министри и други институции.

Според општинските советници во областа Ќустендил, Северна Македонија се обидува да ги пренасочи европските средства наменети за Коридорот бр. 8 во друг паневропски транспортен коридор – преку Србија.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?