Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Експлозија во Хаг: Се урна зграда, има луѓе под урнатините

Најмалку 20 луѓе останаа заробени во урнатините откако силна експлозија уништи трикатна станбена зграда во населбата Маријахоев во Хаг.

Експлозијата се случила утринава во 6:15 часот, по што избувнал пожар и делови од зградата се урнале, а пет до седум станови биле целосно уништени, пишува „Ан-Ел Тајмс“ (NL Times).

Спасувачките служби, вклучително и специјализирани тимови за урбано пребарување и спасување (УСАР), четворица ракувачи со кучиња и градежни инженери присуствуваа на местото на настанот во Хаг.

Досега најмалку четири лица се спасени и пренесени во блиските болници.

Експлозијата предизвика сериозна штета и на околните згради, а неколку улици во областа беа затворени од безбедносни причини.

Истрагата за причините за експлозијата е во тек.

Зачлени се на нашиот е-билтен