Социјалдемократите предупредуваат дека арогантниот однос на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер Христијан Мицкоски кон граѓаните продолжува, бидејќи и понатаму ‘едно зборува, друго прави’. Тие обвинуваат дека Мицкоски не исполнил уште едно ветување ‘да ги намали функционерските плати’.
„Според Мицкоски сите треба да работат за минимум, но функционерите од власта и министрите да имаат огромни плати, да уживаат во нивните примања и да патуваат со бизнис класи на грбот на граѓаните. Ваков арогантен однос кон граѓаните досега не покажала ниту влада како оваа на Мицкоски и ДПМНЕ“, се наведува во партиксата реакција.
„Нема да се зголемат платите на функционерите откако се зголемија платите на функционерите – вака звучи Мицкоски кој до пред неколку месеци ветуваше нешто друго дека како власт ДПМНЕ ќе ги намали платите на функционерите, Тоа ветување Мицкоски не го исполни.“, пишува во партиското соопштение.
Во СДСМ потенцираат, дека додека Владата на Мицкоски не прифаќа ниту еден амандман, меѓу кои и оние за поголеми плати за работниците, за полицајците, за пожарникарите, одбива да ја зголеми минималната плата, во исто време ги зголемува парите за мебел и нови возила за функционерите.

