Во соопштение до јавноста попладнево, ДУИ исѕтакнува дека „во овие одлучувачки часови за иднината на Северна Македонија, кога Уставниот суд разгледува прашања што можат суштински да ја променат структурата на нашата мултиетничка држава, ѝ се обраќаме на совеста на судиите и на совеста на оние кои влијаат врз нивните одлуки“.
Понатаму во соопштението се посочува:
Ова е критичен момент не само за Албанците, туку и за сите граѓани на државата кои веруваат во демократските вредности, еднаквоста и соживотот.
Како легитимни претставници на мнозинската волја на Албанците во Северна Македонија од последните избори, нагласуваме дека секое нарушување на уставната еднаквост претставува нарушување на мирот, стабилноста и заедничкиот прогрес.
Охридскиот рамковен договор не е документ што може да се менува според дневно-политичките интереси; тој е темелот што ја држи обединета една мултиетничка и демократска држава.
Денес, повторно сме на раскрсница, каде што нашето право на претставување, еднаквост и заслужено место во ова општество е доведено во прашање.
Им се обраќаме на судиите на Уставниот суд: Ова не е само правна одлука – ова е одлука што ќе одреди дали Северна Македонија ќе остане држава во која сите нејзини граѓани се чувствуваат еднакви и почитувани.
Не ја правете историската грешка да уништите она што заедно сме го изградиле со голем труд и напор. Ги повикуваме и граѓаните, како и меѓународните институции, внимателно да го следат овој процес.
Нема функционална демократија без целосно почитување на Албанците и на нивните уставни права.
Не заборавајте: Демократијата не е подарок, таа е одговорност.
Денес, ваша е одговорноста да не ја предизвикате.