Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

[Видео] Полицијата во Белград интервенираше со палки и штитови врз студентите

Полициска бригада интервенираше во средата вечерта пред Претседателството на Србија на протест организиран од студенти. За време на обраќањето на претседателот Александар Вучиќ, студентите мирно го изразија своето незадоволство и повикаа на исполнување на нивните барања, но полицијата формираше кордон за да обезбеди минување на високи функционери, а потоа ја нападна толпата, пренесува Нова.рс.

Студентите направија круг околу зградата за да ги спречат функционерите да го напуштат Претседателството.

Потоа полициската бригада со штитови направи премин пред приодот за да може претседателот на Србија, Александар Вучиќ да ја напушти зградата.

На видеата се гледа како полицијата физички напаѓа млади луѓе, удирајќи ги со палки и тупаници, а потоа со штитови ги растерала студентите.

Зачлени се на нашиот е-билтен