Во Скопје денеска ќе се одржи четвртиот експертски состанок во рамки на проектот „Нека правдата владее со регионот”, поддржан од Кралството Холандија (MATRA). Настанот претставува платформа за обединување на регионалните граѓански иницијативи кои се фокусирани на владеењето на правото и други клучни прашања од Кластер 1 – Фундаментални вредности.
Целта е да се поттикне структуриран експертски дијалог меѓу институции, граѓански сектор, бизнис заедницата, академската средина и други, преку размена на искуства и знаења за витални прашања од Кластер 1 – Фундаментални вредности. Проектни партнери се: Европски конвент на Србија, Европското движење во Албанија и Европското движење во Република Северна Македонија.