Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Српската Влада незаконски шпионира активисти, НВО и новинари, според Амнести интернешенел

Светската организација за човекови права Амнести интернешенел објави извештај со наслов „Дигитален затвор: Надзор и репресија на граѓанското општество во Србија“ кој открива како властите во Србија, преку Безбедносно информативната агенција (БИА) и полицијата, незаконски шпионирале мобилни телефони на активисти кои организирале протести, членови на невладини организации и независни новинари, пренесоа српските медиуми.

Извештајот е доставен до Владата на Србија пред објавувањето, но, како што се наведува во извештајот, оттаму нема никаков коментар. 

Наодите ја откриваат распространетата и рутинска употреба на инвазивен шпионски софтвер, вклучувајќи го и шпионскиот софтвер Pegasus на NSO Group, заедно со новиот домашен шпионски систем за уреди со Android, NoviSpy, кој првпат беше откриен во овој извештај. Тие, исто така, ја забележуваат широката злоупотреба на мобилната форензичка алатка UFED на Cellebrite против еколошки активисти и водачи на протести во Србија.

БИА и српската полиција, наводно, користеле NoviSpy и мобилни форензички алатки од Cellebrite за да таргетираат независни активисти од тинк-тенк организации, мирни демонстранти и независни новинари. 

„Властите во Србија ги користат тие алатки систематски против мирните демонстранти кои веќе премногу често се предмет на неоправдана криминализација поради нивниот активизам. Оваа незаконска практика на дигитален надзор и собирање податоци насочена против граѓанското општество го прекршува човековото право на приватност и заштитата на личните податоци и длабоко влијае на другите права и слободи, вклучително и правата на слобода на изразување, здружување и мирно собирање“.

Наодите во извештајот се засноваат на длабински интервјуа спроведени со 13 лица кои биле директно цел на шпионски софтвер или производи за извлекување податоци од мобилни телефони, како и со 28 претставници на граѓанското општество од цела Србија. Се додава дека „нивните сведоштва се поткрепени со детална форензичка анализа на мобилните уреди на околу дваесет активисти и новинари, спроведена од Безбедносната лабораторија на Амнести интернешенел“.

Извештајот дава, како што велат, детален преглед на историјата на употреба или набавка на високо инвазивен шпионски софтвер од страна на српските власти во последната деценија, вклучувајќи системи од компании како Finfisher, NSO Group и Intellexa.

Вметнувањето настанало додека телефоните биле привремено одземени од нивните сопственици и наводно ставени во шкафчиња во полициски станици. Техничките докази сугерираат дека десетици, ако не и стотици, уникатни уреди биле мета на шпионскиот софтвер NoviSpy во текот на изминатите неколку години.

Дадени се конкретни примери и стручни мислења. 
Истрагата покажува дека шпионскиот софтвер NoviSpy бил тајно инсталиран на мобилните уреди на тројца активисти и еден независен новинар за време на информативни интервјуа со српската полиција или БИА. „Интересно е што еден од овие примероци на шпионски софтвер беше конфигуриран за директно поврзување со IP-адреса поврзана со Агенцијата за безбедност и информации на Србија. Истрагата, исто така, покажа дека податоците за конфигурација вградени во примерокот за шпионски софтвер довеле до вработен во БИА, кој претходно бил вклучен во напорите на Србија да набави шпионски софтвер Андроид од сега веќе непостоечката компшанија Hacking Team.
Во поглавјето насловено „Несоодветна правна и контролна рамка за дигитален надзор во Србија“, тој опишува со какви други проблеми се соочуваат невладините организации, активистите и независните новинари. Во извештајот се заклучува: „Србија мора веднаш да се обврзе да стави крај на употребата на високо инвазивен шпионски софтвер и да спроведе итна, независна и непристрасна истрага за сите документирани и пријавени случаи на незаконски дигитален надзор“. 

Зачлени се на нашиот е-билтен