Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Трамп тужи весник и социолошка агенција од Ајова за мешање во изборите

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, тужи весник од Ајова и агенција за анкети кои објавија неточни анализи дека неговата демократска ривалка Камала Харис ќе победи на изборите во државата. Трамп ги обвинува весникот и агенцијата за анкети за мешање во изборите.

Потегот на Трамп, за кој вчера нашироко беше објавено во САД, се смета за последно предупредување за медиумите и новинарите за тоа што може да ги чека во неговиот втор мандат, јави ДПА.

Во тужбата од Ајова поднесена во понеделникот, Трамп ги обвини весникот, неговата матична компанија Ганет и почитуваната социолог Ен Селцер и нејзината фирма за „еклатантно мешање во изборите“ за кое рече дека е „намерно“, јавија американските медиуми.

Анкетата на Селцер покажа дека Харис е пред Трамп со 47 наспроти 44 проценти. Анкетата беше објавена неколку дена пред гласањето. На крајот, Трамп победи во Ајова со предност од околу 13 процентни поени.

За време на неговата кампања, Трамп постојано ги отфрлаше анкетите кои не го покажуваа како победник како „лажни“.

Зачлени се на нашиот е-билтен