Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Илон Маск и SpaceX пред постапка за непочитување федерални правила за заштита на националната безбедност

Илон Маск и SpaceX се соочуваат со најмалку три федерални прегледи за тоа дали ги почитувале федералните правила за известување насочени кон заштита на националната безбедност, објави во вторникот Њујорк Тајмс, пренесува Ројтерс.

Ова не е првпат безбедносните практики на основачот на SpaceX да бидат доведени во прашање од страна на Пентагон.

Инцидентот од 2018 година во кој Маск, кој е и извршен директор на Tesla (TSLA.O), пушел марихуана на веб-шоу во живо со американскиот комичар Џо Роган, со што исто така, предизвика преглед на безбедносната дозвола од страна на Пентагон.

Ваквите прегледи вообичаено се случуваат откако ќе се појават случаи на потенцијален прекршок, рекоа претставници на Пентагон.

„Њујорк тајмс“ соопшти дека новите прегледи биле иницирани од воздухопловните сили, генералниот инспектор на Министерството за одбрана и потсекретарот за одбрана за разузнавање и безбедност. Во него се наведени осум лица со познавање на ракетната компанија и внатрешни документи.

„Илон Маск и неговата ракетна компанија SpaceX постојано не ги почитуваа федералните протоколи за известување насочени кон заштита на државните тајни, вклучително и со тоа што не даваа некои детали од неговите состаноци со странски лидери“, се вели во извештајот на весникот.

Зачлени се на нашиот е-билтен