Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

СДСМ: Дали бегството на Артан Груби е договорено меѓу ДПМНЕ и ДУИ?

Деновиве сме сведоци на нов случај поврзан со непречено бегство на лица преку северната граница со Косово и целосно потфрлање на МВР и министерот Тошковски. Денес СДСМ ќе открие детали од бегството на Артан Груби за кои Тошковски и МВР не ја информираат јавноста, се најавува во реакцијата на СДСМ.

Од партијата бараат Министерството за внатрешни работи ќе мора да даде јасен одговор: како е можно Артан Груби да избега на Косово само еден ден пред акцијата, односно самиот ден на акцијата?

Според информации со кои располагаат што ги добиле од свиркачи, од СДСМ велат дека МВР имала поставено полициска контрола на кружниот тек пред Блаце на денот кога Груби ја напуштил државата. Контролата била таму најмалку три дена пред настанот.

За СДСМ тоа јасно укажува дека тие се сомневале дека може да избега. Но според информациите со кои располага партијата, самата полициска контрола, мобилната единица на МВР, не знаеле кого треба да очекува или кога треба да стопира. Тие добиле информација дури откако Груби ја напуштил државата.

Ова јасно потврдува две можни сценарија посочуваат од СДСМ: Или биле целосно неспособни да го спречат, или пак второ и поверојатно, намерно не го спречиле. Дали Тошковски ќе каже искрено, која е причината што Груби дента кога требало да се обелодени истрагата слободно си ја напушта земјата а акцијата на МВР за негово спречување е целосно неуспешна?

Кој ќе одговара за тоа ако Груби не се врати во земјата, прашуваат од СДСМ и дополнуваат уште серија прашања за кои нема одговор:

Дали МВР сега ќе преземе мерки против оние кои му помогнале во бегството, оние кои потфрлиле во обидот да го спречат во рамки на МВР и дали ќе бидат истражени сите околности под кои обвинетите го напуштиле државниот терен?

Дали ова е уште еден случај ист како оној летото кога со потерница баран меѓународен терорист слободно ја напушти државата во организација и со поддршка на структури на МВР?

Премногу пропусти се случиле, оценуваат од СДС, и премногу индикации има дека зад овој случај има нешто друго, односно политички договор.

Дали ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за овој случај се договорени и дали ова можеби не е цената за поддршката што ДУИ им ја даваше на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието? Дали е ова дел од сите очигледно договорени сценарија меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за постојано јавно напаѓање и фиктивна дестабилизација, состојба која политички им одговара на двете партии?

Го прашуваме Тошковски, до кога северната граница со Косово ќе биде злоупотребувана? Се потврдуваат сомнежите на СДСМ уште од ова лето кога јасно укажавме за се’ што се случува на македонско-косовската граница.

СДСМ, се истакнува во реакцијата, и тогаш се сомневаше на политички договори кои сега ги гледаме на дело. Јавноста очекува одговори.

СДСМ останува доследен во ставот дека секој кој прекршил закон мора да одговара. Од партијата го охрабруваат истражните органи да работат пофесионално транспарентно и за секој кој ќе докаже дека се огрешил да одговара пред законот.

Зачлени се на нашиот е-билтен