Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Фон дер Лајен: ЕУ ќе има своја улога во обликувањето на иднината на Сирија 

Урсула фон дер Лајен

Во услови кога старата Сирија ја нема, новата се уште не е родена, се отвораат многу прашања како тоа дали ќе има политичка транзиција која ќе го почитува националното единство, дали сите малцинства ќе бидат безбедни и заштитени и дали ќе продолжи борбата против исламистичката група Исламска држава, порача денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќање пред Европскиот парламент во дебатата посветена на утрешниот Самит на ЕУ. 

– Иднината на Сирија е полна со ветувања, но и со ризици. Следните недели и месеци ќе бидат клучни за нејзиното обликување и Европа ќе ја игра својата улога во тоа. Сирија дели поморска граница со една од нашите земји членки. Настаните во Сирија не погодија длабоко во последната деценија. Кредибилна и инклузивна транзиција е суштински европски интерес, нагласи Фон дер Лајен. 

Таа потсети дека ЕУ оваа година веќе одвои над 160 милиони евра за Сирија, но дека треба да се размислува и за проширување на европската поддршка надвор од хуманитарната помош, како и за преиспитување на санкциите, со цел ја олесни обновата на земјата. 

Зачлени се на нашиот е-билтен