Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Се создава третата по големина автомобилска компанија во светот! Honda и Nissan започнаа преговори за спојување 

Јапонските производители на автомобили Нисан и Хонда, наводно, преговараат за можно спојување во обид да ја зајакнат конкуренцијата во секторот за електрични автомобили. Спојувањето, кое ќе го вклучи и Mitsubishi Motors, ќе ги направи компаниите поконкурентни против Tesla и кинеските производители на електрични возила, објави азискиот огранок на Nikkei. Проширениот сојуз треба да го запре брзото продирање на електричните возила.

Спојувањето ќе ја создаде третата по големина автомобилска компанија во светот со продажба од над осум милиони возила, што ќе ја доближи до Тојота и Фолксваген. 

Цената на акцијата на Nissan – најголемиот акционер на Mitsubishi Motors – нагло порасна по објавувањето на плановите за спојување со Honda, според Хина. Во март, јапонските производители објавија дека ќе работат заедно на развој на електрични возила и софтверски технологии за намалување на трошоците и подобрување на конкурентноста. 

„Дискусиите меѓу Nissan и Honda за можно партнерство напреднаа и решивме да учествуваме во ова. Соработката со партнерите е од суштинско значење во денешната автомобилска индустрија, која претрпува брзи промени поради технолошките иновации како што се електрификацијата и дигитализацијата. Веруваме дека можеме да откриеме нови можности на различни полиња преку соработката меѓу трите компании“, рече Такао Като, претседател и извршен директор на Mitsubishi Motors. 

Tриte компании ги здружуваат силите за да го забрзаат развојот и да заштедат пари.

Зачлени се на нашиот е-билтен