Игор Џамбазов се одјавува во Дојран

џамбазов

Игор Џамбазов сака во личната карта да му пишува Дојран. Откако доби општинско признание за промоцијата на градот и Дојранското Езеро, актерот и музичар најави дека ќе побара и официјално да стане дојранчанец.

Признанието му беше врачено на 5 ноември, на свечената седница во Градскиот парк во Нов Дојран, по повод 82 години од ослободувањето на градот. Џамбазов им се заблагодари на општинскиот Совет, на градоначалникот Илија Тентов и на дојранчани.

„Дојран е мојот мир, мојата среќа, мојата гордост и мојата последна животна станица“, напиша тој на Инстаграм. Најави дека уште следниот ден ќе поднесе барање за жителство и ќе побара „дојранска лична карта“.

Уште во јуни Џамбазов го покажа погледот од дневната соба на својот нов дом во Стар Дојран. Од прозорецот се гледа целото езеро, а куќата ја проектирала неговата сестра, архитектката Татјана Џамбазова, заедно со своја колешка.

Во Дојран ја запознал и Ферхунде, кучето за кое се грижел пред да го вдоми во 2024 година. Ја спомена и во објавата за признанието, нарекувајќи ја своја последна љубов. А до сите што се мислат дали да наминат, ја упати поканата „Народе, елајте уф Дојран!“

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?