Унгарскиот премиерот Виктор Орбан на 20 декември пристигнува во кратка посета на Бугарија, потврдија за софиски „Дневник“ од унгарската амбасада.
Од соопштението на бугарското претседателството, стана јасно дека тој доаѓа на покана на Румен Радев (што не е вообичаен протокол), а официјално објавените теми се од широкото поле на билатералните односи и за „безбедносната прашања во регионот“.
Според неофицијални информации, средба ќе има и со лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, кој го нарекува „мојот пријател Орбан“.
Посетата се дозна речиси во последен момент. Тоа ќе биде на денот кога ќе стапат на сила американските санкции против Гаспромбанк, кои ќе влијаат на плаќањата за увоз на руски гас во Унгарија, вклучително и надоместоците за Бугарија за пренос преку „Турски поток“.