Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

СДСМ: Срамно е ова што му се случува на ЕСМ и РЕК Битола

РЕК Битола не работи и не произведува струја. Ниту еден од блоковите 1,2,3 не се на мрежа. На сред грејна сезона РЕК Битола е надвор од производство. Првиот и вториот блок утрово испаднаа од мрежа, а третиот подолго време не работи, велат од СДСМ.

Срамно е ова што му се случува на ЕСМ и РЕК Битола за да се задоволат бизнис зделките на ДПМНЕ. Енергетскиот систем е на колена, очигледно власта ги задоволува своите бизнис потреби, а цената ја плаќаат граѓаните. Трошоците за купување струја од берзата се огромни и тоа е врз грбот на граѓаните и државата, додека во исто време влијае сметките кои граѓаните ги плаќаат за електрична енергија постојано да бидат високи“, тврдат од партијата.

„ДПМНЕ е неспособно да менаџира со енергетскиот сектор. Новото раководство на ДПМНЕ пред да седне во фотелјите ветуваше работа со три блока и со 100 посто домашно ископан јаглен во рудникот, а сега нема ништо од тоа. Во РЕК се троши повеќе увозен отколку ископан домашен јаглен а кога не работи се увезува скапа струја“.

Зачлени се на нашиот е-билтен