Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пленковиќ по убиството во Загреб: Ќе преземеме мерки за подигнување на нивото на безбедност во училиштата

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ попладнево одржа вонреден состанок со градоначалникот на Загреб Томислав Томашевиќ и надлежните министри по нападот што утрово се случи во основното училиште „Пречко“ во Загреб, пренесува „24сата.хр“

По средбата, Пленковиќ и се обрати на јавноста. Тој на почетокот изрази сочувство.

„Во овој момент сакам да им се заблагодарам на сите вработени во полицијата, здравството и другите служби кои од утрово се активни во овој случај. Изненадени сме и згрозени од вакво тешко кривично дело. Во овој момент не можеме да кажеме дека се работи за настан што е идеолошки обоен или дека има терористички елементи, мислиме дека е настан кој настанал поради здравствени нарушувања, но ваквиот настан отвора низа прашања поврзани со безбедноста во училиштата“.

Тој ги откри мерките што итно ќе ги воведе Хрватска. Тој најави зголемена безбедност во сите образовни институции.

„Затоа денеска решивме во овие неколку дена, додека се празниците, да видиме што дополнително можеме да направиме во однос на безбедноста, од задолжителното заклучување на сите училишни институции и техничките подобрувања, во однос на типот на вратите во училиштата, како и да се предвиди во систематизацијата на училиштето едно место за лица кои би биле квалификувани со посебни знаења поврзани со безбедноста. Ќе преземеме мерки за подигнување на нивото на безбедност во училиштата“, додаде Пленковиќ.

Утрово 19-годишно момче влегло во училиштето и изболо наставник и неколку ученици. Седумгодишно дете загина, пет лица се повредени, меѓу кои три деца и двајца возрасни.

Зачлени се на нашиот е-билтен