Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Партиски војници или професионалци? Новите членови на Судскиот и на Советот на јавни обвинители се заколнаа дека ќе делат правда

Со свечена заклетва во Собранието, новиот член на Советот на јавните обвинители, Ардијан Демири, се заколна во правдата, но и дека ќе се ангажира за независноста на обвинителството и ќе придонесе за зголемување на довербата на граѓаните во оваа институција.

Демири одби да ги коментира обвинувањата на опозициските политички партии дека е член на Вреди, и дека со неговиот избор се прави обид за партизација на судството и обвинителството.

„Не коментирам обвинувања и политички изјави. Како што истакнав претходно, доаѓам од редот на адвокатите. Во последните 20 години работам како адвокат во сопствена приватна канцеларија. Сакам да нагласам дека 20 години низ моите услуги поминаа важни работи, така што немаше да ги коментирам овие обвинувања“, рече Ардијан Демири, член на Советот на обвинители.

Заклетва дадоа и двајцата нови членови на Судскиот совет, Аритон Ала и Данка Ристова. Ристова која доаѓа од Апелационит суд во Штип, е сопруга на градоначалникот на Општина Радовиш, Ацо Ристов, кој е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Во јавноста имаше имаше остри реакции дека на местото челн на Судскиот совет, доаѓа како партиски кадар. По заклетвата во Собранието, Ристова рече дека негира дека нема да работи за партиски интереси.
Аритон Ала, пак нагласи дека тој ќе се залага за враќање на правната сигурност на граѓаните.

„Исто така, ќе работам за да има повеќе кадар во судството во смисла на судии, стручни соработници и друг кадар кој би помогнал“, рече Ала.

Изборот на нови членови на Судскиот совет доаѓа во време кога Владата најавува реформи и во ова судско тело кои избира и разрешува судии.

Зачлени се на нашиот е-билтен