Нападот на божиќниот базар во Магдебург, Германија, заврши со четири мртви и околу 200 повредени, јавуваат германските медиуми. Напаѓачот, 50-годишен маж од Саудиска Арабија, со автомобил влетал во преполната толпа и возел околу 400 метри низ базарот. По нападот, тој бил веднаш уапсен.
Полициските власти се уште не ја имаат потврдено позадината на нападот, а мотивот останува нејасен. Локалните медиуми пренесуваат дека лицето не било познато како исламист, а неговите активности на социјалните мрежи сугерираат критика кон исламот.
Меѓу повредените, 41 лице се со сериозни повреди, 90 лица бараат болнички третман, а останатите се полесно повредени. Напаѓачот живеел во Германија од 2006 година и работел како доктор.