Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Паѓа популарноста на Си-Ен-Ен, оваа година има најниска гледаност во историјата

Фото: Wally Gobetz/Flickr

Продолжува да паѓа популарноста на американската телевизискаа мрежа Си-Ен-Ен, која оваа година има најмала гледаност во нејзината историја. Според податоците на Нилсен, од декември минатата година телевизијата привлекла само 93 илјади гледачи од клучната демографска старосна група од 25 до 54 години.

„Од 26 декември 2023 година до 15 декември 2024 година, Си-Ен-Ен имаше само 93.000 гледачи во клучната демографска возраст од 25 до 54 години. Кај сите групи, мрежата оствари 488.000 гледачи, заостанувајќи зад ривалската мрежа Фокс Њуз, со 1,46 милиони гледачи“, наведоа од Нилсен Медиа Рисрч.

Известувањето за изборите во САД на 5 ноември на Си-Ен-Ен го гледале 5,1 милиони гледачи, што е намалување од дури 44 отсто во споредба со изборите пред четири години. Од друга страна, изборите на Фокс њуз ги следеле 13,6 милиони гледачи.

Во меѓувреме, другата информативна мрежа Ем-Ес-Ен-Би-Си заостанува зад Си-Ен-Ен по број на гледачи на возраст меѓу 25 и 54 години – 86.000 гледачи. Сепак, мрежата успеа да добие 806.000 гледачи меѓу сите демографски групи.

Новиот канал NewsNation, кој работи само три години, се здоби во 2024 година со дополнителни 25% од гледаноста во т.н. „прајм-тајм“ на кабелските канали. Дополнително, доби и 45% гледаност кај популацијата од 25 до 54 години.

Фокс Њуз ја заврши годината на првото место на гледаност меѓу кабелските канали во четвртиот квартал од годината, на врвот е веќе деветта година по ред.

Зачлени се на нашиот е-билтен