Владата на Албанија донесе одлука за блокирање на платформата ТикТок, соопшти денеска албанската министерка за образование Огерта Манастирлиу.
На завршната средба со родителите и учениците, министерката рече дека повеќе од 80 отсто од родителите бараат ограничување на социјалните мрежи, објави денеска City News of Albania (CNA).
„Во време кога технолошките предизвици се неизбежни, физичката и дигиталната безбедност се приоритет. За да ја зголемиме оваа безбедност, решивме да ја блокираме платформата TikTok“ рече Манастирлиу.
„Исто така, преку проектот ‘Паметен град’ ќе инсталираме паметни камери, што ќе обезбеди поефективен надзор во училиштата и нивната околина“, рече Манастирлиу.
TikTok е видео платформа за кратки форми во сопственост на кинеската интернет компанија ByteDance.