Најмалку пет лица, вклучително и едно дете, загинаа, а повеќе од 200 се повредени откако автомобил влета во толпа луѓе на божиќниот пазар во германскиот град Магдебург во петокот, соопштија локалните власти.
„Незамисливо е ова да се случува во Германија“, рече Рајнер Хаселоф, премиер на покраината Саксонија-Анхалт, чиј главен град е Магденбург, за време на посетата на местото на настанот со други официјални лица во саботата, потврдувајќи го последниот биланс.
Германските власти соопштија дека осомничениот – кој беше уапсен – е 50-годишен маж од Саудиска Арабија кој живеел во Германија од 2006 година и работел како лекар во блискиот град. Во изјавата споделена од новинската агенција Ројтерс, активистичката група со седиште во САД RAIR Foundation USA го наведе осомничениот како Талеб ал-Абдулмохсен.
Германските медиуми го именуваа осомничениот како Талеб А. по конвенцијата во Германија за задржување на целосното име на осомничените во кривичните случаи. На новинарско прашање дали „Талеб“ е точното име за време на прес-конференцијата во саботата, високиот јавен обвинител Хорст Нопенс потврди дека тоа е точно.
Според германските власти, се смета дека осомничениот дејствувал сам.
Властите не објавија никакви информации за можниот мотив зад нападот, но според веќе избришаната објава на платформата X тој се поврзува со споделувалањето антиисламски изјави и ја обвини Германија за промовирање на исламизација на земјата.