Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Уште три лица се уапсени во врска со трагедијата во Магдебург

Како што потврдија за „Билд“ германските власти, уапсиле уште три лица за трагедијата што се случи на божиќниот пазар во Магдебург. Тие се обвинети за „неконтролирано и славење криминал“.

Овие лица биле забележани во близина на местото на трагедијата, каде гласно навивале и изразиле радост поради нападот на божиќниот пазар, а првите извештаи за нив стигнале од „Магдебургер фолкстимер“, пренесе „Билд“.

Обвинетите тројца биле видени на неколку стотини метри од божиќниот пазар и ќе се товарат за „поддршка на криминални дела кои го загрозуваат јавниот мир“.

Според член 140 од Кривичниот законик, за ова дело може да се изрече казна затвор до три години или парична казна. Според досегашните информации, во нападот загинале најмалку пет лица, а повеќе од 200 се повредени.

Убиени се четири жени на возраст од 45, 52, 67 и 75 години, како и едно деветгодишно момче.

Нападот предизвика шок и тага не само во Германија, туку и во целиот свет.

Зачлени се на нашиот е-билтен