Кипар воведе нови политики за привлекување квалификувани работници и странски студенти, со цел пополнување на работните места во клучни сектори, објави весникот „Катимерини“.
Министерот за труд, Јанис Панајоту, потпиша уредби кои олеснуваат вработување на висококвалификувани работници надвор од ЕУ и овозможуваат странски студенти да работат со скратено работно време.
Мерките се фокусирани на сектори како информатичка технологија, фармацевтски истражувања и морскиот сектор. Вработените од овие области можат да аплицираат за Европската сина карта, која дозволува престој и работа низ ЕУ. Минималната годишна плата е утврдена на 43.632 евра, околу 1,5 пати повеќе од просечната плата на Кипар.
Овие мерки имаат за цел да привлечат таленти, да ја подобрат конкурентноста на економијата и да помогнат во справувањето со недостигот од работна сила.